Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кичево може да влезе во историја: градоналачник може да стане човек кој не е дел од мнозинската заедница

Во недела, Кичево не само што избира градоначалник, туку и потенцијално го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во недела, Кичево не само што избира градоначалник, туку и потенцијално го поставува темелот за нов политички курс кој би можел да биде историски. Кичевчани имаат реална шанса за првпат да изберат градоначалник кој не е дел од мнозинската етничка заедница. Доколку тоа се случи, ќе биде преседан – не само за западниот дел од државата, туку за цела Македонија.

Битката се води меѓу актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, кој бара четврт мандат, и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во првиот круг доби најголема поддршка.

Јовановски влезе во кампањата тивко, без врева и еуфорија, но со јасна и структурирана програма – ефикасна администрација, инфраструктурни проекти, урбан развој и враќање на довербата во институциите. Посебен акцент стави на заедништво, надминување на етничките линии и работа за сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.

Реклама

Во јавноста е препознаен како човек кој обединува – скромен, пристапен, и семејно поврзан со албанската заедница, што дополнително го позиционира како симбол на можен нов почеток за Кичево.

Како горливо прашање мое , кое многу ме боли, со години веќе низ мојата пракса, најитно што можам ќе отворам центри за згрижување на деца со посебни потреби и исто така на возрасни кои патат од деменција и алцхајмер за да им ослесниме на нивните семејства во секојдневното функционирање, а нормално на дечињата да им пружиме особено она што им е потребно за да постигнат едно ниво на развој каде што ќе можат да бидат само одржливи, вели Александар Јовановски – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата

Неговата кандидатура доби сериозно засилување во вториот круг – откако коалицијата ВРЕДИ официјално преку соопштение реши да не му даде поддршка на Дехари, по отпаѓањето на нивниот кандидат Фатмир Лимани. Иако лидерот на Беса, Биљал Касами, индиректно испрати позитивен сигнал кон Дехари, мнозинството од партиските структури на ВРЕДИ во Кичево, сепак, се изјаснија дека нивниот апел за гласање не е за кандидатот на ДУИ.

Инаку како второпласиран Дехари од редовите на ДУИ раководи со општината цели 12 години и сега нуди решение на пробленми не успеал да ги реши во претходните над едно децениски мандати.

Ќе продолжиме со иста транспарентност, но и со уште поголема храброст,да го изградиме нашиот град како функционален, модерен град,со современа инфраструктура, хигиена, чистота,нови канализации и сите оние потреби што му се неопходни на секој граѓанин.Ќе продолжиме како институција да се грижиме за ситешто имаат потреба од поддршка, вели Фатмир Дехари – кандидат за градоначалник од ДУИ

Но, наместо проекти, во фокусот на јавноста се најдоа неколку контроверзии.

Во текот на кампањата се појавија две аудио „бомби“ – на едната, Дехари наводно користи навредливи и сексистички зборови кон жена, а на другата се слушаат погрдни изрази во друг контекст. Снимките кренаа прашина и ја засенија неговата политичка порака.

Резултатите од првиот круг ја навестуваат потенцијалната промена. Јовановски освои 44,5% од гласовите или 11.682 гласа, Дехари 21,28% или 5.586 гласа, Лимани од ВЛЕН 15,86%, а независниот Шкодран Алили 15,26%. Гласовите од Лимани и Алили може да бидат решавачки.