Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ќе се враќа оградата околу Влада: Поради негрижата на претходната власт истата е во лоша состојба

Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ја задолжи Службата за заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ја задолжи Службата за заеднички и општи работи, да ја врати оградата околу владината зграда. Оградата пред седум години ја отстрани Владата тогаш предводена од СДСМ и Зоран Заев. Тогаш беше најавено дека тоа се прави со цел просторот пред Владата да биде отворен за граѓаните, но сепак беше поставена еден ограда, односно бариери кои ги има МВР, а се користат најчесто при протести.

Кога ќе биде вратена оградата не се знае се уште, бидејќи новиот директор на СОЗР, Ивица Томовски на социјалните мрежи напиша дека поради негрижата на претходната власт таа е оставена во катастрофална состојба.

Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири. Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот. СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, напиша на Фејсбук новиот директор на СОЗР, Ивица Томовски.