Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Ќе се расчисти ли хаосот во македонското здравство?

Ескалираат скандалите во здравството. На Кардиохирургија оперирале доктори од Србија без лиценци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ескалираат скандалите во здравството. На Кардиохирургија оперирале доктори од Србија без лиценци, смртноста во 2023 на оваа клиника е загрижувачки зголемена според извештајот на Министерството, две недели хирушките сали не функционираат поради хаварија со кислородните пумпи.

Најзаплеткано е клопчето со случувањата на државната кардиохирургија. “Фрчат” меѓусебни обвинувања помеѓу министерот Илир Демири и разрешениот директор Марјан Шокаровски. И двајцата излегоа со различна математика. За едниот смртноста на Клиниката е зголемена, за другиот е намалена.

Обвинувањата на министерот Демири се дека на Кардиогхирургија владее криминал. Странските кардиохирурзи кој ги кажа со презиме, доктор Лазовиќ, Чубрило и Алексиќ покрај тоа што немале лиценци во Македонија, зимале и огромни дневници. Дека не се лиценцирани потврдуваат и од Лекарската комора.

Реклама

Од 2022 година до сега во Лекарската Комора изготвени се времени лиценци за работа на 14 доктори од странство на Клиниката за кардиохирургија. Конкретните имиња за кои прашувате ги нема во оваа евиденција. Од овие 14 лиценци во моментов важечки се 7 лиценци, велат од Лекарската Комора.

Алфа му постави прашања на др.Шокаровски дали и кога овие тројца лекари се појавиле на Клиниката за кардиохирургија. Но одговор не добивме.

Од стручниот колегиум на оваа установа реагираат на обвинувањата на Демири. Тие прашуваат дали наводниот скандал на Клиниката е со цел да се покријат вистинските проблеми во здравството.

Зарем на овој човек ќе му се дозволи со давање на паушални и своеволни субјективни судови, со кои ја доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас – велат докторите од Клиниката.

А државната кардиохирургија е само еден дел од нефункционалниот здравствен систем. Во моментот се уште нема абер од надлежните кога ќе проработат операционите сали на хируршките клиники кои се затворени 14 дена а тоа, пак, го поремети работењето на останатите здравствени установи. Цехот од хаосот го плаќаат пациентите, но и здравствените работници во ГОБ 8 септември и Свети Наум Охридски каде термините се преполни, а капацитетите недоволни за да се реализираат неопходните хируршки зафати.