Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Ќе се намали чекањето на транспортерите на граничниот премин Табановце

Се бараат конкретни решенија за маратонските чекања на превозниците на  граничните премини.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се бараат конкретни решенија за маратонските чекања на превозниците на  граничните премини. Новиот директор на царинска управа направи увид на состојбата на „ Табановце“ каде транспортерите чекаат и по 5-6 часа. Тој најави дека ќе се преземат сите мерки да се намали времето на чекање, особено во ек на сезона кога сообраќајот е со зголемен интензитет. Една од предвидените мерки е да се воспостави систем кој автоматски ќе препознава регистарски таблици.

Како царинска управа имаме заложби и реагираме за автоматизација на граничните премини, ќе биде поврзан со софистициран систем за надзор со кој автоматски ќе се регистртираат регистарските таблиќките и ќе го скрати времето на влегување на граничните терминали. Да апелирам до колегите царински службеници да им укажам дека она што го видов овие 12 тина дена е загрижувачки и би апелирал да го менуваме миндсетот ,редот ,работата и дисциплината да бидат основното царинскиот службеник да трга на работа, вели Николовски.

Минатата власт даваше ветувања и потпишуваше протоколи кои никогаш не профункционираа , па уште една летна сезона камионџиите ги пречекаа истите маки.

Реклама

Николовски вети дека ќе се заложи да профункционира протоколот потишан уште во февруари со Србија за стоките кои транзитираат меѓу двете земји да се мерат само еднаш. Преку „ Табановце“ лани влегле речиси 140 илјади товарни моторни возила, а излегле 170 илјади камини. Според директорот, од февруари до вчера само 550 камиони ја искористиле можноста да се мерат само еднаш.

Од „ Макам Транс“ посочуваат дека и пет минути да се скрати времето на чекање е огромна предност за транспортерите. Гужвите се предизвикани од различни причини, двојни контроли или ако затекнат смена на инспектори . Во минатото често се случуваше и граничниот премин да остане без електрична енергија.

Ние бараме кога возилата влегуваат кај нас да ги проверува македонската полиција, а кога излегуваат да ги проверува само српската и така ќе заштедиме најмалку десетина минути. Понекогаш ќе се затекнете на границата кога се менува смената на инспекторите, тоа се техникалии кои мора да се надминат. Инаку, да ви кажам, времето на чекање на нашата граница е премија во однос на она што ни се случува при влез во Хрватска или Унгарија. Таму стоиме и по 30 и 40 часа, некогаш и по три дена се чека, тоа се нестандардни мерки кои ни ги спроведуваат и ние постојано реагираме, но без успех – објасни Муратовска.

Покрај проблемите кои ги имаат траанспортерите, новиот директор ќе треба да се справува и со високото ниво на корупција и шверц . Николовски најави силна борба во искоренување на ваквите појави.

Колку и професионално да се однесуваат службениците, меѓу нив има и такви кои се склони на вакви дејствија. Наша заложба е да работиме напорно на искоренување на овие негативни дејствија и за кусо време ќе бидете убедени дека сме на вистинскиот пат во борбата против шверцот и корупцијата, не само кај цариниците, туку и кај сите оние кои се инволвирани во тој синџир – вети Николовски.

Инаку, долгите чекања на граничните премини се најголемата болка на транспортерите . Тие со години бараат решение на проблемот поради кој губат и пари и стока.

Според последниот извештај на Светска банка, возачите на камиони непотребно губат 26 милиони часа (речиси 3.000 години) чекајќи на граничните премини на земјите од Западен Балкан, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.