Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Ќе се менува моделот на државна матура- што предвидуваат предлог измените на Законот за средно образование?!

Ќе се менува концептот на државна матура. Новитетот ќе биде полагањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се менува концептот на државна матура. Новитетот ќе биде полагањето на стручна матура. Ова би значело дека средношколците своето високо образование ќе може да го продолжат само на факултетите, во делот за кој им бил матурскиот испит. Тоа се предвидува со измените во Законот за средно образование. Министерката Весна Јаневска вели дека ова е и повеќе од логично, бидејќи учениците во стручните училишта многу поголем дел од образованието учат стручни предмети, за разлика од оние во гимназиите.

-Државната матура ќе се менува, училишна матура, пазар на труд, стручна државна матура, продолжување на високообразовен процес во високообразовни установи, но во соодветното поле, подрачје, област. Што значи машинско на машински факултет, електро на електро факултет, а ако сакаат на друг, на економскиот факултет, ќе мораат државна матура да полагаат, изјави Јаневска.

Измените предвидуваат и поголема инклузивност и достапност на сите до средното образование, кое според закон секако е задолжително. Јаневска порача дека конечно се прават детални промени во овој закон, бидејќи досега со години се носеле само козметички измени.

Реклама

-Ќе има бесплатно учење на оние деца кои се наоѓаат во поправно и казнено поправните домови, ќе има бесплатно учење за децата кои се од особено ранливи категории. Ќе воведеме она што немало до сега, а треба да има, поголема инклузивност, образовни асистенти во средното образование и награди за талентираните ученици, кое исто така до сега го немало, изјави Јаневска.

Предлог законот требаше да биде на дневен ред на комисиска расправа во Собранието, но сепак ќе се почека во овој дел, бидејќи Владата реши да го повлече на доработување.

Матеја Петровски