Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Ќе има ли отчет за скандалозниот договор со „Е-ГО“ која власта ја туркаше откако пропадна во Бугарија

Откако Бугарите останаа на цедило, сепак македонскитевласти решија да одат со главата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако Бугарите останаа на цедило, сепак македонскитевласти решија да одат со главата во ѕид и да го туркаат проектот за изградба на  фабриката за електрични автомобили.  Една година пред да дојдат во Македонија, компанијата Е.Го потпиша договор во Бугарија за изградба на иста фабрика и таму, но иако таму немаше никаков траг од градење, власта на СДСМ и ДУИ  и кај нас удри лопата и потпиша договор за да и дадеме државна помош на германската компанија која две години подоцна прогласи банкрот.

Информациите како и во Македонија и во Бугарија се оскудни. Како што пренесуваат бугарските медиуми, иако договорот бил потпишан уште во 2021, не помалку помпезно од колку во Македонија, а рокот за изградба бил крајот на 2023 , на локацијата предвидена за фабриката изградена е фотоволтаична централа. Бугарските власти тврдеа пред граѓаните дека изградбата е во тек, а централата ќе произведувала струја за потребите на компанијата. Она што се знае дека и таму беше одобрена државна помош, а освен оние возила кои за промоција биле донесени во Софија, до ден денес електричен автомобил не е произведен во Бугарија.  Нејасно е и зошто толку се форсираше проектот со фирма која, според новинарските записи во Бугарија, уште во 2020-та поднела барање за стечај исто поради неповолно пазарно опкружување.  Договорот со Е.Г.О никогаш не беше презентиран во јавност, а се уште е нејасно што се случи и со одобрената државна помош од 42,5 милиони евра народни пари  Од ТИРЗ тврдат дека ниту денар не е исплатен, но ВМРО- ДПМНЕ се сомнева во ова тврдење . Тие бараат истрага, одговорност и отчетност.

Реклама

СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични, се покажа колку се кадарни.Лагата за фабриката за електрични возила во Тетово испука како пренапумпан балон.Ниту фабрика, има, ниту автомобили, само потрошени народни пари за промоција за некаков инвеститор. Од фабриката за автомобили покрај најавите, бината и лопатите остана и ветената државна помош, која власта во неколку наврати ја ветува, и за која ако е исплатена ќе следи одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Голема помпезност за најава на изградба на фабриката и потпишување на договорот за државна помош, со народни пари беше организирана на годишнината на рамковниот договор на 13 август 2022 година каде присуствуваше цела Влада.Одтогаш на локацијата стоеа само метални шипки кои го симболизираа камен – темелникот, неколку месеци подоцна од ТИРЗ  се правдаа дека се групираат парцелите и се чека на одобренија за градба на државно земјиште.