Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Kазните вродуваат плод, Tошковски најави и одземање на возилата за оние кои возат пребрзо

Прво се жалеа дека ги нема доволно по улиците, сега откако полицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво се жалеа дека ги нема доволно по улиците, сега откако полицијата е видливо присутна насекаде, обвинуваат дека сме станале полициска држава, вели министерот Панче Тошковски. Сепак акцијата на „МВР“ за зголемена контрола вродува со резултати.

Дури за 60% се намалени бројот на несреќи со жртви. Според министерот ова е само почеток. Со воведувањето на системот „Сејф сити“, но и најавата дека трајно ќе се одземаат возила, очекува драстично да се подобри безбедноста на сообраќајот.

„Сакам да им упатам една јасна порака на оние кои што според мене не управуваат моторни возила, туку управувајќи го моторното возило се во ризик да убијат човек. Управувајќи со брзина од 150 килoметри на час на „Партизанска“, вие не возите кола, туку управувате орудие за да утепате некого. Таков тип на возачи кои што ќе сторат крајно безобѕирни дејствија во рамки на наводното возење возило, ќе им биде одземено моторното возило трајно изјави министерот за Внатрешни работи, Панче Тошковски.

Реклама

142 жртви во 2024 година го вклучи алармот за што побрза имплементација на проектот „Сејф сити“. Во моментов се работи на измена на пет законски решенија, кои во април ќе се најдат на владина, а потоа и во собраниска процедура. Првите казни ќе почнат од 1 јануари 2026 година, иако функционирањето на системот ќе се случи порано.

„Лани 65.000 прекршоци како последица на недозволена брзина. 22.000 прекршоци сторени од страна на луѓе кои никогаш не положиле за возачка дозвола, а притоа управувале возило“, изјави Панче Тошковски.

Од 1 до 20 февруари, полицијата изрекла вкупно 18.132 казни за различни сообраќајни прекршоци. Најголемиот број се однесуваат на пречекорување на брзината околу 6000. Македонија е меѓу земјите во ЕУ со повисок процент загинати во сообраќајки на милион жители. Ако во ЕУ, ваквиот процентот е 50, а во скандинавксите земји 40%, кај нас е пораснат за 75%.

Љубиша Владимиров