Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

Казните во Македонија vs. казните во Европа – колку ќе се санкционира пушење цигари во забранет простор ако се усвои предлог-законот?

Законот за заштита од пушењето е објавен на ЕНЕР. Граѓаните може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за заштита од пушењето е објавен на ЕНЕР. Граѓаните може да го видат, да дебатираат и да доствавуваат свои идеи за истиот.
Според предлогот, се забранува пушење на сите јавни места, но и во кафулињата и рестораните каде што нема отворени тераси од три страни.
Воедно, ќе се забрани пушење во автомобил доколку во истиот се превезува малолетник, а ќе се забрани и користење на сите видови електронски и ароматични цигари.
Законодавецот превдидел дека за непочитување на одредбите од законот, ќе има парични казни и за пушачите, но и за правните субјекти каде би се открило непочитување на законот.
Па така, казните за угостителите или другите затворени објекти би се движеле од 2000 до 5000 евра, во зависност од големината на правното лице.
Предвидени се глоби и за одговорните лица во правните субјекти, во износ од 1500 до 2000 евра во денарска протививредност.
Кај физичките лица, казните би изнесувале од 150 до 300 евра за непочитување на законот.
Угостителите велат дека дополнително ќе предложат забелешки на нацрт верзијата, отворени се за разговор.
Компаративно, во земјите од Европската Унија, закони постојат, а судејќи според паричните глоби – може да се рангираат како постртоги и помалку строги. Па така, во дел од земјите се предвидени казни и за пушачите и за правните лица, но во дел од нив само за пушачите.
ТЕЛОП:
Држава 🇪🇺
Белгија до 8 000 €
Романија 4 400 €
Германија 100 – 10.000 €
Франција (за пушачи) 135–158 €

Највисоки максимални казни во ЕУ за пушење на забранети места обично ги има Белгија, каде глобите достигнуваат до 8 000 € за физичи и правни лица.
Романија е втора со највиоски глоби кои се износ во околу 4000 евра за физички и правни лица, за непочитување на ваквите законски одредби.
Германија како земја има доста ригорозен систем, но таму глобите се различни во секоја покраина. Ориентационо за пушачите се движат до 100 евра, а за правните лица до 10.000 евра.
Во зависност од прекрошот, Франција предвидува глоба околу 135 евра за пушачите.