Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Казахстан ја гледа Македонија како клуна алка за извоз на европските пазари, – се засилува едономската соработка меѓу двете земји

Македонија и Казахстан ќе ја зголемуваат трговската размена и поблиску ќе соработуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Казахстан ќе ја зголемуваат трговската размена и поблиску ќе соработуваат по потпишување на двата билатерални договори за зголемување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Министерите за надоврешни работи на двете земји, Тимчо Муцунски и Аркан Шакалиев го означија полетокот на соработката која се подготвувала последниве три месеци со низа активности за економско приближување на двете земји и разгледување на можностите за соработка.

„Создавањето на предвидлива иднина, конкурентна деловна клима и привлекувањето на странските инвестиции останува врвен приоритет на Владата. Во таа насока, Казахстан, како голем производител на енергија и вештачки ѓубрива има полн капацитет да ја снабдува Македонија со овие репроматеријали, а за возврат македонските компании ќе имаат можност да извезуваат на тамошниот пазар традиоцонални производи, но и да се вклучат во заеднички проекти во делот на компјутерскиот инженериг, велат од Стопанската Комора на Македонија.

„За подигнување на оваа соработка, бзинисмените од двете држави, со поддршка од Владите потпишаа два билатерални договори за зголемена трговија во повеќе сектори и за давање поддршка и технологии за развивање на бизнисите. Во таа насока, остануваме отворени за казакстански инвеститори  како во ТИРЗ-овите, така и пошироко во согласност со нивните инвестициски интереси“, рече Тимчо Муцунски, Министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Реклама

„Еден од клучните практични чекори ќе биде воспоставувањето на деловен совет кој ќе ја олеснува директната интеракција меѓу деловните интеракции од двете земји и ќе овозможи брз развој на споделени проекти“, изјави Арман Шакалиев, Министер за трговија и интеграција на Р.Казахстан.

азахстан, како голем производител на енергија и вештачки ѓубрива има полн капацитет да ја снабдува Македонија со овие репроматеријали, а за возврат македонските компании ќе имаат можност да извезуваат на тамошниот пазар традиоцонални производи, но и да се вклучат во заеднички проекти во делот на компјутерскиот инженериг, велат од Стопанската Комора на Македонија.

Со потпишување на двата билатерални договори за зголемена трговија во повеќе сектори и за давање поддршка и технологии за развивање на бизнисите, според Антони Пешев, Извршниот директор на Стопанската Комора, Македонија има одлична позиција да биде и регионален центар за снабдување на југоисточна европа со казахстански производи, но и обратно, европски производи да се најдат во евро-азиската држава. Според бизнис заедницата, Казахстан може поблиску да соработува со нашата држава како што тоа го прави Турција која има големи инвестиции во земјава.

Она што нас ни треба е пристапот на нови пазари. Македонија не може да опстане со олку мал пазар, како што е македонскиот. Занчи извозот е нешто што мораме да го направиме. И токму во тој сегмент може да кажеме дека Казахстан е исклучително добар партнер во овој сегмент. Македонија мора да се привикне на големи пазари заради тоа што тоа е нешто што е наша иднина, ако сакаме да останеме во светската економија, изјави Антони Пешев, Извршен директор на Стопанската комора.  

Соработката ќе се потврди на следниот македонско – казахстански бизнис форум кој ќе се одржи во Астана. Таму ќе се прецизираат секторите за трговската соработка помеѓу двете земји.