Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Кавраков за Алфа: Бараме државна поддршка за надминување на пандемијата

Туристичките водичи бараат поддршка од државата за да ги надминат финансиските загуби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туристичките водичи бараат поддршка од државата за да ги надминат финансиските загуби кои ги трпат поради пандемијата. Како што за Алфа изјави првиот човек на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков, не биле вклучени во ниту еден од пакетите што ги дава државата за надминување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата, иако и кај нив салдото е 0 денари профит.

– Во моментот како резултат на пандемијата, туристичките водичи трпат големи финансиски загуби заради откажаните аранжмани и немаат никаква поддршка, а уредно ги плаќаат сите давачки кон државата. И покрај сите уредно доставени писмени барања до Владата и до Министерството за економија, досега немаме никаков одговор. Ова е професија од посебен интерес за државата и бараме од Владата и Министерството за економија да не ги игнорираат нашите барања бидејќи сме во незавидна, тешка положба. Бараме изнаоѓање на неодложни начини за финансиска поддршка на нашата професија, рече претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков.

Очекувањата на асоцијацијата се дека кон крајот на годината евентуално би можела да се подобри ситуацијата во овој сектор со доаѓањето на странските туристи.

Реклама

– Сите мерки на владата што се преземаат по повод пандеијата многу често и нас не изненадуваат и не е баш розева иднината. Од контактите со нашите соработници ни влева малку надеж дека кон крајот на годинава евентуално ќе спласне целата ситуација и дека странците, од кои најмногу живееме, ќе почнат да ја посетуваат нашата земја, рече Кавраков.

Според претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори Владимир Граматиков, состојбата во туризмот е загрижувачка и овој сектор го чека тежок период.

Она што туристичкиот сектор очекува да биде направено во следниот период е активна меѓународна промоција на земјата како безбедна туристичка дестинација, адаптирање на моделот на субвенционирање кон новонастанатите потреби на пазарот и поддршка на авиосообраќајот како главен двигател на туризмот.

Борис Грујоски