Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Касами, Гаши и Меџити обвинуваат дека Османи го злоупотребува ОБСЕ

Бујар Османи функцијата претседавач со ОБСЕ ја злоупотребува за да влијае врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи функцијата претседавач со ОБСЕ ја злоупотребува за да влијае врз нивните набљудувачи и конечните резултати на претстојните избори, обвинува опозицискиот албански блок.

Актуелниот градоначалник и лидер на Движењето БЕСА тврди дека до него стигнале вакви информации.

За нас приоритет е одржување на слободни, фер и демократски избори. До нас стигнаа информации дека Бујар Османи претседателствувањето со ОБСЕ сака да го злоупотреби за влијание врз одлуката на бројот на набљудувачи врз изборниот процес. Знаеме на што се способни за да го сочуваат богатството, затоа здружената албанска опизиција има легитимитет да бара соодветна застапеност во ДИК. Има поднесено конкретна иницијатива за пополнување на нашето место во ДИК и бараме од ДУИ и СДСМ да не го одолговлекуваат тоа. Сметаме дека е целосно ирационално да се прави двоен трошок, но сакаме да ги чуеме аргументите на СДСМ и ДУИ со кои ќе го бранат ставот да има одвоени избори – рече Билал Касами од Движењето БЕСА.

Реклама

За лидерот на Беса целосно ирационално е да се прави двоен трошок за парламентарни и преседателски избори, сепак Касами чека да ги чуе ставовите на ДУИ и СДСМ.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши ги потенцираше трите услови на албанската опозиција за евентуално формирање на влада со некоја македонска партија доколку ги добијат изборите.

Ние како опозиција сме потполно уверени дека нема да правиме никакви компромиси на патот кон ЕУ и затоа здружената опозиција ќе прави влада со оние кои сакаат да го продолжиме патот кон ЕУ. Вториот наш услов е уставниот амандман за незастарување на политичка корупција. Наша цел е да ставиме крај на збогатувањето на функционерите со парите на народот. Тие дела не треба да застарат никогаш. Третиот услов е формулацијата за албанскиот јазик и сметаме дека таа е понижувачка и треба да стои само „албански јазик“ – истакна Гаши.

Албанската опозиција ја обвинувавладината коалиција дека во врска со пр изборите се однесува како разгалено дете кое мисли дека ако топката е во негови раце, може да условува.