Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Камбовски: Судскиот совет дава поддршка на барањата на синдикатите, се чека одговор од Министерството за финансии

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, по денешната средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, по денешната средба со претставници на синдикатите на државната и судската администрација, изјави дека Советот ја разбира сериозноста на проблемите со кои се соочуваат судските службеници и ќе продолжи да се залага за нивно решавање.

-Имавме многу конструктивен состанок на кој им дадовме поддршка во нивните барања. Ги разбираме нивните проблеми, бидејќи повеќето од членовите на Советот доаѓаат од судови и знаат под каков притисок функционираат службениците, особено во големите судови надвор од Скопје, истакна Камбовски на промоцијата на софтверот за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд.

Тој нагласи дека Судскиот совет веќе побарал од Министерството за финансии да одобри пренамена на средства за исплата на додатоците на плата, кои се обезбедени, но се наоѓаат на друга буџетска потсметка.

Реклама

-Барањето е испратено пред две недели, но за жал сè уште немаме одговор, ниту позитивен, ниту негативен. Очекуваме Министерството да реагира, бидејќи средствата постојат, додаде Камбовски.

Синдикатите претходно побараа итна исплата на додатоците, регрес за годишен одмор, пополнување на испразнетите работни места и донесување на Законот за судска служба.