Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Прилози

Како до поголема безбедност во сообраќајот, затвор, одземање на возилото и возачката

Одземање на возилото и возачката дозвола доколку учесниците во сообраќајот возеле под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одземање на возилото и возачката дозвола доколку учесниците во сообраќајот возеле под дејство на опојни дроги или алкохол, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него потребни се измени во кривичниот законик со кој  надминување на дозволената брзина наместо со парична треба да се трансформира во затворска казна.

„Сметам дека мораме да го ревидираме член 297а од кривичниот законик кој се однесува на безобзирно возење, односно, јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во законот за безбедност за сообраќајот и патиштата во делот на брзото вознење и наместо алтернативно да се изрекува парична казна, истата да биде затворска“, изјави Тошковски.

Измени во кривичниот законик, односно во делот за пркршоци најави министерот за правда Игор Филков. Покрај измените според министерот за безбедност клучна улога ќе има непристрасноста на судиите при примена на законските одредби и определување на казни согласно тежината на делото, односно соораќајните прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот треба да биде квалификувана како кривично дело.

Реклама

„Судската пракса треба да се темели на законските начела со посебен акцент на непристрасноста при донесување на одлуки и независноста на судиите во постапувањето. Покрај тоа мора да ги применуваат одредбите на законот во целост, да го земат во предвид секој поединечен случај и да изречат казни се во согласност со тежината на делото“, изјави Филков.

Иницирање за одржување на 18 комисиската расправа  доаѓа по трагедијата во која животот го загуби младата  Фросина Кулакова, но и претходна серијата на трагедии кои се случија на патиштата ширум државава, но и констатирањето на илјадници прекршоци од кои најчести се возењата без возачка дозвола или под дејство на опојни дроги и алкохол. Од министерството за внатрешни работи најавија реформи како што е воведување на проектот Сејв Сити, не само во главниот град туку низ целата држава, но и воведување на тестови кои ќе детектираат на самото место дали возачите биле под дејство на опојни супстанци.