Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кај сите настрадани во пожарот во Кочани утврдена е насилна смрт поради задушување

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, и раководителот на Институтот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, денеска соопштија дека, по трагичниот инцидент во Кочани, во многу краток рок биле завршени 59 обдукции и идентификации на починатите.

Како што истакнаа на прес-конференцијата, формирани биле шест тимови, составени од експерти од Судска медицина, патолози и тимови од МВР.

Кај сите настрадани е утврдена насилна смрт од задушување, што директно е предизвикано од пожарот.

Реклама

Очекувањата се дека сите извештаи за обдукциите ќе бидат завршени до крајот на март.

Облеката и сите предмети најдени кај починатите се на Институтот и ќе бидат предадени во Обвинителството.

Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места за само еден час и бил изработен план за соодветно дејствување. Обдукциите се извршувале на по 15 лица, кои потоа биле предадени на погребалното претпријатие.

„Целта беше брзо и квалитетно да се завршат обдукциите кои започнаа вечерта на 16 март и завршија претпладнето на 18 март, како и точна и прецизна идентификација“, истакна Станков.

Тој, заедно со деканот на факултетот, изрази сочувство до семејствата на починатите и посака побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.