Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Кафето во Софија му преседна на Земон: Средбата со Виктор Стојанов за Филипче било ненамерен пропуст

Софиското кафе со негаторот на се што е македонско Виктор Стојанов, му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Софиското кафе со негаторот на се што е македонско Виктор Стојанов, му ја заврши кратката партиска кариера на Рубин Земон во СДСМ. Само неколку месеци откако беше избран за член на Извршниот одбор, си поднесе оставка. Причината е кафе дружбата со првиот човек на Фондација Македонија од Софија. Според Земон, средбата била случајна, но тој се повлекува со цел да не и штети на партијата.

-Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ, напиша Земон.

Оваа кафе дружба на Земон, доаѓа во период кога Венко Филипче секојдневно ја турка тезата дека Бугарите морало да влезат во Устав. Лидерот на СДСМ разговарал со својот сопартиец и ја сфаќал неговата оставката, со цел да не се штетело на партијата. 

Реклама

-Јас разговарав вчера со него од кога излезе тоа по јавните мрежи, иако ми објасни дека е целосно случајна средба, немал никаква апсолутно намера, јас сметам дека таква штета на партијата, апсолутно не треба да се нанесува. Се случуваат ненамерни пропусти, но оставката ја сметам за одличен морален чин, човекот едноставно не сака да прави терет  на партијата кој што ниту го заслужуваме, ниту пак има некоја суштинска врска и работа со тие состаноци, изјави Филипче.

Потегот на Земон, повторно предизвика поранешни видни партиски функционери да ја критикуваат кадровската политика на СДСМ. Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вели дека на партијата очајно и треба консолидација.

-Денешниве случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката, класично дежа ву на Струмица во предизборието на локалните избори. На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација, а не ад хок комбинаторики, напиша Костадинов.

Претходно Земон имаше и навредлива изјава за Гоце Делчев, дека ништо не напишал во животот, дека ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас бил направен мит за него. По ова, тој се извини и кажа дека бил погрешно разбран, но потоа седна на маса со Стојанов, кој забрана за влез во Македонија.

Матеја Петровски