Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

„Кадија те тужи, кадија те суди“: Дали власта ќе злоупотребува европското знаменце за пресметка со политичките ривали?!

Дали Ковачевски и Османи ќе останат глуви на европските критики и повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Ковачевски и Османи ќе останат глуви на европските критики и повторно ќе го злоуптребат европското знаменце, сега за законот за рестрикции? Можеби најголем проблем е што самиот Османи кажа дека од експерти бил предупреден дека ваквиот текст се коси со европската конвенција за човекови права. Според познавачите вакво законско решение не треба да помине во забрзана постапка и без широка општествена дебата. Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски за Алфа, вели дека не смее да се повтори грешката со Францускиот предлог, за кој јавноста исто така не знаеше речиси ништо. 

-Клучното овде е да се види тој закон, да не се избрзува нормално. Затоа што се правиме така за неколку дена, како што беа консултациите за францускиот предлог и протоколите. За протоколите впрочен не ни имаше консултација. Така и за овој закон кој што може да биде и тоа како контроверзен нема зошто да се провлекува со европско знаме пред овие избори, за недела две тоа да се случи, изјави Трошановски.

Трошановски вели дека е тешко да се коментира ваков предлог закон кога информациите доаѓаат од само еден брифинг со новинарите. Но, сепак и повеќе од спорни биле зборовите на Османи, дека Владата ќе има право да одлучува кој ќе биде опфатен со рестрикции, а кој не. Според него тоа слободно ќе можело да се користи за пресметка со политичките ривали.

Реклама

-Многу е тешко да се коментира врз основа на само еден брифинг, закон кој што и еден збор може да ја смени целата природа на законот и да го направи оружје за политичка пресметка со неистомисленици и политички ривали. Во најмала рака доколку Владата одлучува за тие рестрикции, нема јасни рокови, автоматизам, која треба институција како да постапи и слично. Се разбира дека тоа може да биде многу контроверзно, контроверзно решение, изјави Трошановски.

Ковачевски не сака конкретно да го коментира законот иако предлагач е негов министер, но сепак вели дека би било добро Владата да функционира по принципот „кадија те тужи, кадија те суди“ односно да одлучува кој може да биде на функција, на кого да му конфискува имот и која фирма смее да учествува да државни тендери, без правосилна судска пресуда.

-За лица кои што се санкционирани од страна на нашиот најголем партнер САД, Европската Унија, по други основи бидејќи ЕУ како што имаат САД или пак Велика Британија, тогаш треба тоа да биде транспонирано и кај нас. Со оглед на тоа дека не може од сабајле некој да се фали дека е најдобар другар со САД, а попладне да прави се спротивно на нив. Така да, ќе мора да биде транспонирано, изјави Ковачевски.

Доколку помине на Влада и во Собрание, покрај за црната листа на САД, ќе важи и за  рестиктивните мерки на Велика Британија. Државните институции ќе имаат задолжение да ги достават до Обвинителство сите докази поради кои некое лице завршило на црната листа.

Како причини за можно воведување рестрикции, покрај законите за меѓународна безбедност и демократијата, според предложеното ќе бидат корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата.

Матеја Петровски