Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

„Каде што живее поезијата“ – од среда до недела јубилејни 65. Струшки вечери на поезијата 

Под мотото „Каде што живее поезијата“ од 24 до 29 јуни во Струга ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.  Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата, како што истакна директорот Никола Кукунеш, ќе се одржи, на 24 јуни, датумот кога се одбележуваат 165 години […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Каде што живее поезијата“ од 24 до 29 јуни во Струга ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. 

Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата, како што истакна директорот Никола Кукунеш, ќе се одржи, на 24 јуни, датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24  јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска).

– Во текот на своето постоење фестивалот, во неколку наврати, го менувал датумот на оддржување прилагодувајќи се на можностите и условите. За разлика од изминатите години кога фестивалот се одржуваше последната недела во август, годинава ќе биде во знак на големиот јубилеј 165 години од издавањето на зборникот на Миладиновци и ќе почне на датумот на неговото издавање, изјави Кукунеш.

Реклама

Тој потврди дека подготовките се во завршна фаза и најави учество на големи поетски имиња и издигање на фестивалот на едно повисоко ниво. 

Уметничкиот директор Мите Стефоски информира дека годинашното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал. 

– СВП може да се пофали со богата издавачка дејност, 12 публикации ќе бидат промовирани во текот на фестивалот, и уште неколку подоцна, како дел од продолжената програма. Богатата издавачка продукција ја сочинуваат изданијата на наградените поети, луксузната монографија на добитникот на наградата „Златен венец“ за 2016, холандската поетеса Анеке Брасинга, книгата „Нови познати фрази“ од Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, која годинава е добитник на наградата „Мостови на Струга“ која се доделува во соработка со УНЕСКО, книгата на минатогодиншниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, истакна Стефоски.

Тука, според него, се и тематската антологија на македонската поезија „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски, книгите со избор од творештвото на неколкумина значајни светски поети, како Луис Гарсија Монтеро од Шпанија, Питер Мекеј од Обединетото Кралство, Михаел Кригер од Германија, Шји Чуан од Кина… Како и антологијата на фестивалот „Кој е кој – поезија од пет континенти“ со избор од учесниците на Фестивалот, две книги на поетите, дел од платформата ВЕРСОПОЛИС, поддржана од Креативна  Европа.

– Годинава имаме едно навистина ретко публицистичко издание „Венецоносци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски, книга со интервјуа со лауреати на Златен венец и други значајни светски поети кои биле дел од манифестацијата во периодот од 2012 до 2018 година, додаде Стефоски.

Според него, на јубилејното издание ќе учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство. Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија.