Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Каде е Ислам Абази? Првиот човек на ОЈОГОКК целосно исчезна од јавна сцена

Вака повеќе од 12 месеци новинарите (не) добиваат одговори од шефот  на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вака повеќе од 12 месеци новинарите (не) добиваат одговори од шефот  на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази.

Една година речиси заборавивме дека постои главен обвинител во ОЈОГОКК.

Во првото  појавување пред јавноста на 8-ми ноември лани, вети транспарентност за маедиумите, а визијата како ќе раководи ја преставувал на колегите – оти програма за работа никој не виде:

Реклама

„Иако немав програма како дел од колегите, јас бев постојано во контакт со колегите, и нив им им ги изложував мојата визија, програмата и планот што ќе правам со тоа обвинителство“ – вели Абази.

Залудни беа ваквите тврдења оти во неколку наврати Абази ветуваше, но никогаш не даде изјава:

Освен транспаретноста изостана и информирање за текот на истрагите кои се водат во клучната институција во борбата против криминалот и корупцијата – Обвинителството на Абази.

Неговиот избор остана црна точна во македонскиот правосуден систем, забележан и во извештајот на Европската комисија за Македонија. Дури и Брисел е со сомнежи за политичкото влијание во обвинителската одлука тој да биде шеф на Организиран криминал.

Се забележува дека тој бил процес во кој се забележува дека имало политичко влијание, односно процес кој немал доверба од јавноста. И тоа се кажува, дека вие не можете да се потпрете на таа институција поради што постои“ вели Ѓорги Сламков – универзитетски професор, поранашен претседател на ДКСК.

Не така далечко минато е заклетвата која ја даде Абази пред Советот на јавните обвинители дека чесно и согласно законите ќе ја извршува функцијата. Тогаш рече и дека на свадби и прослави се среќавал со функционерите од ДУИ бидејќи биле од исто село. Се демантираше самиот себе оти јавноста виде негови фотографии во домашна атмосфера со Фикри Ахемети, на планина со Невзат Бејта…

Таа фотографија е од свадба. Зајас е село, знаете нормално е да се сретнеме. Сакам да се качувам по планини, да планинарам.. ..изјави Абази.

Тоа беше и последната изјава од Абази – шеф на ОЈОГОКК повеќе од 13 месеци – институција за која јавноста многу ретко слуша што и како  работи.