Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Кабли и по некој украс – Град Скопје не ја „светна“ метрополата на 15 декември, а вети

Полунакитена елка, новогодишни украси и реквизити кои чекаат да бидат поставени,  кабли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полунакитена елка, новогодишни украси и реквизити кои чекаат да бидат поставени,  кабли за струја кои се долж плоштадот  – ваква е сликата изутрината во Скопје, по китењето набрзина на главниот град.  Веројатно под притисок од јавноста , метрополата започна да се украсува дури минатата недела, а центарот на Скопје не ги дочека граѓаните со вообичаена предновогодишна атмосфера како што вети градоначалничката пред викендот. Плоштадот денеска е несреден. Каблите помалку ги плашат скопјани, оти буквално се наоѓаат на пешачките зони. Оние кои го украсуваа градот кога нашата екипа беше таму, не сакаа да се снимаат, но објаснија дека каблите мора да бидат така поставени за да светат украсите и оти нема никаква опасност бидејќи се изолирани. Како и да е градските власти ќе им овозможат на скопјани само 10-тина дена од старата година, да се порадуваат на предновогодишна атмосфера.  

Граѓаните кои ги затекнавме на плоштадот коментираат дека требало многу порано да се украси градот и да се направи  забавна програма овие денови барем за децата . Скопје е посетено од туристи и ваквата слика, не е привлечна за странските гости .

Која е избраната фирма која украсува, на кој начин таа е избрана и што понудила од Град Скопје одговор до овој момент нема. Данела Арсовска објави само Фејсбук статус дека „партиски војници коментирале оти Скопје е тажно, а градот се кител за 30 илјади евра – додека порано се трошело многу повеќе“. Во истиот статус од пред пет, дена Арсовска се обврза дека Новогодишната магија во Скопје ќе блесне на 15-ти декември , што не се случи.