Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

ЈСП остана без капка гориво, возат само 25 автобуси

Автобусите паркирани… наместо на улица во сообраќај, изутрината ги најдовме во гаражата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автобусите паркирани… наместо на улица во сообраќај, изутрината ги најдовме во гаражата на Јавното сообраќајно претпријатие… Само околу 20 проценти од нив беа пуштени во сообраќај, и тоа со последните капки гориво. Секодјневните крахирања во јавното претпријатие, денеска се „зачинети“ и со недостиг на бензин. Високи извори во ЈСП за Алфа брифираат дека ситуацијата се влошува од ден во ден.

Учениците денеска не стигнаа во училиште. Луѓето доцнат на работа, студентите на факултет.

“Пола саат чекам, го нема автобусот, секој ден е така, каснат, лошо е, ако дојде автобус нема место да се влезе” револтирано одговори граѓанка

Реклама

“Нула сум задоволна, со саати се чека автобус” одговори граѓанка

“Не сум задоволна воопшто, ја нема 2-ка, ја нема ниту 50ка, со саати чекаме тие што живееме надвор од Скопје” изјави граѓанка.

Тонењето на ЈСП е на апсолутна штета на граѓаните. Претпријатието не било во полоша ситуација никогаш, а градот Скопје и сега успева да ја префрли одговорноста на некој друг, иако исклучиво вината е нивна. Оттаму, овој пат прстот го вперија кон Бирото за јавни набавки од каде според нив, била поништена тендерска постапка за набавка на гориво:

„Бирото првпат ја поништи постапката за набавка на гориво, но активно работиме на нов тендер,“ изјави Глигоров, генерален секретар на Град Скопје.

Од Бирото за јавни набавки пак информираат дека постапката што претходно  ја спровел Град Скопје била спорна, а ја поништиле заради тоа што од Градот избрале неприфатлива понуда, која вооедно била единствена.

„Управната контрола, земајќи го во предвид ова, дала јасни упатства за тоа што треба да преземе ЈСП, кои биле вклучени во записникот од спроведената контрола. Односно, поради тоа што ЈСП избрал неприфатлива понуда, а немало други понуди во текот на постапката, Бирото за јавни набавки дало упатства комисијата за јавна набавка да ја поништи донесената одлука за избор и да го поништи целиот процес. Овие упатства се во согласност со член 177, став 3 од законот. Треба да се напомене дека ЈСП не ја искористил можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите кои му се на располагање” стои во соопштението

Според владејачката ВМРО ДПМНЕ, единствен виновник за настанатиот хаос е градочалничката Данела Арсовска која целосно го оставила на маргините јавното сообраќајно претпријатие.

“Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани,, стои во  реакција.

До кога граѓаните ќе останат измрзнати и ќе чекаат во неизвесност дали ќе дојде автобус или не, не се знае. Останува нервозата и револтот, изгледи за решение, нема.

Даниел Ѓорѓевски