Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

ЈО ќе постапува по извештајот на ДЗР кој откри скандалозни информации за капитaлните инвестиции

Како се трошеле народните пари и парите од ЕУ фондовите за патната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како се трошеле народните пари и парите од ЕУ фондовите за патната и железничката инфраструктура во земјава, веќе се на проверка во рацете на обвинител од Основното јавно обвинителство, потврдуваат оттаму за Алфа. Како и секој извештај на Државниот завод за ревизија, така и последниот, веќе е доставен до Обвинителството, а оттаму веќе го распоредиле.

Извештајот на ДЗР за реализација на капиталните инвестиции финансирани преку буџетот на РСМ, ЕУ фондовите и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа е доставен до Јавното обвинителство. Во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет и е распореден кај надлежен јавен обвинител кој веќе презема дејствија на проверки, велат од Јавното обвинителство.

Реклама

Министерот за транспорт и врски Александар Николоси обелодени дека според извештајот на ревизорите Македонија ќе ја гради најскапата пруга на светот која треба да ја сруши Крива Паланка и да заврши во тунел без излез. 

Вредноста на пругата кон Бугарија е зголемена за 220 милиони евра и сега изнесува 560 милиони евра наместо првично планираните 340. Како што посочи Николоски на вчерашната пресконференција тендерската постапка е почната во предизборието во крајно нетранспарентен процес.

Но, не е само пругата кон соседна Бугарија. Според Николоски извештајот отвора и сомнеж за досегашното работење на претпријатието за државни патишта. Неизградениот пат Дреново-Градско, според министерот е проект кој има ризици од арбитража. Исто така министерот бара Обвинителство да ја провери зголемената вредност од 175 милиони евра за автопатот Кичево-Охрид, за кој веќе се потрошени 446 милиони евра, а се уште не е изграден.

Тој јавно го повика Обвинителстото да постапи, во спротивно самиот ќе иницира средба.

Николоски очекувал директорите на двете претпријатија Државни патишта и Железници инфраструктура досега да депонираат оставка поради според него кардиналниот неуспех на нивното директорување. Засега не се знае кој ќе ги замени овие директори бидејќи владејачката коалиција се уште нема донесено таква одлука.