Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. 

-Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот.

Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но вистинската авантура почнува кога музичарите ќе одлучат да скршнат од неа.

Реклама

-Не се плашиме од грешката, повеќе се плашиме од совршено отсвирена музика во која ништо не се случило. За мене Jazz Extravaganza е токму тоа – четири различни личности кои не се обидуваат да станат една, туку создаваат нешто петто, истакнува Емин, опишувајќи ја филозофијата зад Jazz Extravaganza.

Публиката, додава Емин, нема да биде само набљудувач, туку ќе стане дел од процесот – од атмосферата, од енергијата и од моментот во кој музиката се создава пред неа.

-Ќе слушаме музика која ќе се случи само еднаш – во таа конкретна вечер, со таа конкретна публика, со нашата моментална енергија и со сите непредвидливи работи што можат да се случат меѓу четворица музичари кои се познаваат многу добро, вели Емин.

За Шарески, ова повторно обединување е многу повеќе од музичка соработка.

-Ние не сме само соработници, туку сме браќа во музиката и надвор од неа. Добро се познаваме и со тоа можеме да си дозволиме да ризикуваме. Токму таа слобода, доверба и синхронизација го прават секое наше свирење поинакво, нагласува Шарески.

По неколку години во кои ретко успеваат да се соберат сите четворица музичари на едно место, концертот за нив е повторна средба и музички празник.

-Нашите музички средби се празник за нас, а верувам дека тој душевен празник ќе го почувствува и публиката, нагласува Шарески.

Jazz Extravaganza нема само да отсвири концерт, ќе создаде музика што ќе постои само во тој момент – и потоа ќе исчезне, оставајќи го секој следен настап како ново, непредвидливо поглавје.