Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Јаревски: Опозицијата продолжува со грубото кршење на Уставот, законите, процедурите, а во овој случај и Деловникот за работа на Собранието

-Драго ми е што бевте сите присутни и на Комисијата и тука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Драго ми е што бевте сите присутни и на Комисијата и тука бидејќи бевме сите заедно сведоци на груб обид, еден несмасен обид за театар од страна на опозицијата предводена од СДСМ и ДУИ и нивните коалициони партнери. Сè уште продолжуваат со грубото кршење на Уставот, законите, процедурите, а во овој случај и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, изјави Тони Јаревски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

-Имено, како што сите видовте, на самата седница која што беше отворена, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери имаа јасна намера да ја поддржат иницијативата. Иако имаше деловнички пречки за истата, иако не беа исполнети условите кои што се налагаат од страна на Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржеше иницијативата да се дискутира за оваа точка. Тоа беше недвосмислена намера, јасно го кажавме, јасно го покажавме на самата седница, додаде Јаревски.

-Она што фрапира е неможноста за една основа потреба за изјаснување согласно деловничките одредби за дополнување на точки на дневен ред. Ниту на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на предлог на СДСМ. Претседателот на Комисијата кој доаѓа од редовите на опозицијата, воопшто не дозволи изјаснување за самиот предлог за точките на дневен ред и навистина не ми е јасно зошто колешката Славјанка Петровска има несогласување и нешто не и’ е јасно, потенцира во изјавата.

Реклама

-Доколку има несогласувања со претседателот на Комисијата, доколку има револт во однос на работата на Комисијата, слободно може да поднесат Интерпелација кон претседателот на Комисијата, која ние ќе ја поддржиме, изјави Тони Јаревски.