Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Јанкуловски: Гледаме нов курс на македонската дипломатија за разлика од претходната

Македонија спроведува активна дипломатска офанзива која ја менува сликата за нас како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија спроведува активна дипломатска офанзива која ја менува сликата за нас како држава на меѓународната сцена, и очигледно е дека вродува со плод.  Прашањето за потпишување на друг билатерален договор со Бугарија  со кој би се дал сет на гаранции дека со уставни измени се исполнети условите и нема да има нови билатерални барања на патот кон ЕУ, за експертите е наратив кој отвора нова перспектива за Македонија. Ваквиот предлог доаѓа од Томас Вајц, известувачот за Македонија во европскиот парламент, кој смета дека би било добро во ЕУ да се смени методот, односно одлуките да не се носат едногласно, туку со мнозинство гласови од членките.

Македонската влада доби ветар во грб и новата еврокомесарка за проширување со нејзиниот став дека ќе направи се билатерланите спорови да не бидат дел од процесот на преговори.

Според експертите очигледно е дека дипломатијата која ја водат македонските власти веќе не ја сместува  Македонија само како нем набљудувач на масата .

Реклама

Позициите на македонската влада се јасни дека стратешката цел останува полноправно членство кон ЕУ, но не со потклекнување на диктати од други земји.  Уставни измени со одложено дејство се опцијата, но со претходно обезбедени јасни гаранции.