А министерката за образование, Весна Јаневска, која се споменува дека може да направи рокада и да го преземе ресорот на Таравари, вели дека од медиумите разбрала за можната промена на ресорите, дека има уште многу да доработи во образованието и дека премиерот и владата ќе решат кој ќе биде министер.