Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Македонија

Јаневска: За оптимизацијата во Карбинци ќе разговараме со родителите, во Идризово ќе се доградуваат училници

Министерството за образование и наука е запознаено со протестот на родителите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука е запознаено со протестот на родителите во општина Карбинци поради оптимизацијата на училиштата и ќе направи напори заедно со општината да дојде до заедничко решение, изјави денеска ресорната министерката Весна Јаневска.

Јаневска по увидот во доградбата на нови училници во рамките на ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар, истакна дека оптимизацијата се спроведува од страна на општините, додека Министерството дава предлози кои, како што рече, се во интерес на учениците и нивното образование.

-Не е во прашање училиштето, туку начинот на кој живеат и учат децата. Ако училиштата се оддалечени два до три километри, децата треба да се социјализираат, да стекнат нови видици, мотивација за учење и подобри услови за образование – рече таа.

Реклама

Според неа, учениците не треба да остануваат во изолирани средини и во комбинирани паралелки кога има можност да посетуваат училишта со подобри услови и повеќе можности за развој.

-Ако мора и е неопходно, ќе учат во комбинирана паралелка, ако селото се наоѓа на 30, 40 или 50 километри оддалечено од другото најблиско училиште. Но ако тие се на 2 до 3 километри оддалечени од другото училиште, децата треба да се социјализираат, постојано го повторувам ова. Значи да стекнат други видици, кај нив да се побуди мотивација за учење, кај нив да се побуди некаков натпревар за достигнувања, да чујат различни мислења, па конечно да видат и друг различен објект, да видат смарт табла, да добијат таблет од општината, нешто што е различно од живеење на пет деца кои се во три различни класа, а се сместени во едно одделение. Штетата за нив е голема – рече министерката за образование.

Јаневска нагласи дека Министерството нема да наметнува решенија и дека процесот ќе се одвива во консултација со општините и родителите.

-Насилно ништо не правиме. Ќе направиме напори да се сретнеме со родителите и наставниците и да постигнеме заедничко решение – рече Јаневска.

Министерката изјави дека училиштето во Идризово не е заборавено и дека е опфатено со плановите за доградба на училници, отфрлајќи ги тврдењата дека станува збор за политичко прашање.

-Тоа училиште е во групата на училишта каде што ќе се доградуваат училници. Не сум сигурна дали тоа ќе биде од ноември или на пролет, но со сигурност знам дека и таму ќе се доградуваат училници – изјави Јаневска.

Таа нагласи дека не станува збор за политичко решение, како што, според неа, се инсинуира во јавноста, и изрази надеж дека со планираните активности ќе се реши и овој проблем.