Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

За прв пат после шест години, средношколците и основците оваа учебна година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат после шест години, средношколците и основците оваа учебна година ќе ја стартуваат со учебници по сите наставни предмети. Старите и парталави книги ќе се менуваат со нови по барање на училиштата – најави министерката  Весна Јаневска. Според неа недостигот на учебници бил предизвик кој конечно е решен, по долгогодишниот проблем каде учениците немаа книги по странски јазици и наставната програма ја учеа од диктати. А останатите предмети се совладуваа со кратки копирани верзии од материјалот кој треб да го изучуваат.

Јаневска најави и промени при уписите во училиштата. Од идната година учениците ќе се запишуваат само електронски.

“Од идната година, кога масовно ќе се пушти новиот надграден електронски дневник во употреба, предвидено е училиштата да ги поврзат сите документи за да може да се запише ученикот. Следната година овој проблем ќе го нема. Самиот систем ќе може да ги вади сведителствата и нема да мора да печатиме свидетелства. нема да мора да трошиме средства за да ги печатиме на хартија“, рече Јаневска.

Реклама

Oколу измените во законите кои предвидуваат да не може повеќе на наставнички совет да се поправаат оценки, Јаневска кажа дека таа иземена е порака  до учениците и до наставниците дека ќе мора да преземат нешто за да се зголеми квантумот на знаење кај учениците.

„Очекувам учениците малку повеќе да се потрудат, а да престанат ургенциите од родителите. Пораката е јасна, ако сакате добра оцена, мора да учите. Ако сакаат да поправат оцената ако сметаат дека се онеправдани, може да излезат на испит пред комисија од тројца и да го потврдат знаењето“, рече таа. Од МОН се пофалија за сработеното, дека за една година просветните работници добија покачување на платите за околи 25 проценти. Од таму најавија дека инфраструкурните инвестиции продолжуваат ќе се градат нови училишта, носи спортски сали и темелно се обновуваат два студентски дома во Скопје. Над 50 училишта ќе добијат фотоволтаици, а до крајот на годината ќе продолжи и изградбата на ФИНКИ и ФФК, но и ќе почнат да се градат кампуси за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и за Медицинскиот факултет во Штип