Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Јаневска: Се појавува таканаречен вишок на наставници, да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес

Таа појасни дека Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таа појасни дека Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и на наставниците во училиштата и целодневната настава, која, како што рече, се покажала како многу ефикасна во повеќе земји. 

Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, со масовното иселување на нашето население надвор од земјата, веќе се појавува т.н. вишок на наставници иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Затоа Владата уште во предизборната програма направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа појасни дека Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и на наставниците во училиштата и целодневната настава, која, како што рече, се покажала како многу ефикасна во повеќе земји.

Реклама

-Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од по 10 или 15 ученици, туку кога ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата на училиштата, која опфаќа многу додатни предмети, изборни предмети, воннаставни активности, работа со деца кои имаат потешкотии во учење, работа со талентирани деца, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи. Идејата е дека целиот фонд на наставници треба да го искористиме за учениците да стекнуваат подобри знаења, нагласи Јаневска пред почетокот на настанот посветен на „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, ќе се одржи денеска во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

Дополнително, како што рече, познато е дека одредени институции во државата се со слаби човечки капацитети, тоа се Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и Центарот за средно стручно образование и обука имаат потреба од искусни и сериозни луѓе.

-Ќе им понудиме на наставниците, откако ќе направиме мали измени во законите, да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој импакт на образование, односно да го пренесат своето искуство и знаење на оние наставници на кои им требаат обуки и помош. Да, процесот е огромен, процесот е комплициран, но заедно со нашите странски партнери имаме енергија и волја да направиме нешто за да се подобри целокупното образование на нашите ученици. Оптимизацијата, формулата за финансирање, инфраструктурните промени се дел од овој процес, изјави Јаневска. Додаде дека овој процес не може да се направи за два, три или пет месеци и порача дека не брзаат.

Битно е, како што потенцира, да направиме нешто што ќе биде трајно и ќе дава ефект. – Крајниот продукт на образовниот систем е ученик со соодветни знаења на истата возраст, како децата од ЕУ, порача Јаневска.

На новинарско прашање како ќе функционира приемот на студентите бидејќи се реновираат студентските домови, Јаневска појасни дека вчера била објавена листата, а претседателот на Студентскиот сојуз е во постојана комуникација со министерството.

-Ние сме транспарентни. Она што им го понудивме на студентите е да ги користиме капацитетите на ученичките домови кои не се пополнети. Да, супстандардни беа условите на живеење на студентите во студентските домови, рече Јаневска. Порача дека сите оние што ги исполнуваат условите ќе бидат сместени во студентски домови и во празните ученички домови.