Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

Нови програми, модерни технологии, инвестиции во инфраструктура, поддршка и мотивација на наставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови програми, модерни технологии, инвестиции во инфраструктура, поддршка и мотивација на наставниот кадар. Македонскиот образовен систем е пред процес на промени кои треба да донесат не само поквалитетен туку и помодерен систем на образование. Предизвикот според надлежните е сериозен, но стратегијата велат е јасна. Министерката за образование која на стартот на новата учебна година се соочи со критики за дел од потезите нагласува дека сложеноста на проблемите бара мерки кои ќе ги опфатат сите страни од школувањето. 

„Оваа влада презема мерки ние како министерство, првенствено она што го направивме, воведуваме обуки за наставниците затоа што континуирано и доживотно учење на сите па и на наставниците како да го подобрат овој предизвик кој се испречува пред сите нас. Како да го подобрат читањето со разбирање. Како да се подобриме во математика и природни науки, ги сменивме наставните програми, ги прилагодуваме на модерните европски програми… Мерките ги преземаме но јас велам дека не можеме од денес до утре да ги чекаме резултатите. Резултатите од ова што денес го работиме во образованието ќе дојдат најрано по 5-6 години а оптимално по 9 до 10 години“, изјави Весна Јаневска, министер за образование и наука

Во однос на одлуката за затворање на училишта во повеќе општини, министерката истакнува дека тоа се неопходни чекори за подобрување на средината во која учениците се образуваат. Во таа насока се и мерките, односно инвестициите во дигитализацијата која исто така е предизвик. Дел од училипштата како во скопски Аеродром веќе почнаа да ги добиваат таблетите за модерни училници, но и нови бесплатни униформи. Ова според надлежните е многу значајно во услови кога модерните технологии забрзано се менуваат, а со тоа и начинот на кој се разменуваат и информациите. Реформите имаат за цел да ја промовираат и еднаквоста помеѓу децата кои доаѓаат од различни социјални позадини.

Реклама

„Ова што го правиме со доделувањето на таблети е во правец на модернизација на визуелизација на она што децата треба да го научат за полесно да го научат, бидејќи овие времиња тие користат визуелно учење. Но тоа не значи дека тие не треба да ја развиваат моториката нели да пишуваат да читаат да сметаат и рачно да работат.“

Во целиот процес не се запоставени ниту наставниците. До март следна година се планира ново зголемување на нивните плати, кое би продолжило и понатаму на годишно ниво согласно договорите кои се постигнати со синдикатот.