Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието, новите закони се клучни за напредок во квалитетот и рангирањето на универзитетите

Рацете на политиката подалеку од образованието, порача министерката за образование и наука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рацете на политиката подалеку од образованието, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека донесувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е важно за подигнување на квалитетот на универзитетското образование и за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции на меѓународните ранг-листи.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ниту еден македонски универзитет не се најде на најновата Шангајска листа и дали законските решенија можат да придонесат за подобро рангирање, Јаневска рече дека не очекувала драстични промени во краток временски период.

– Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони, да има некакво драстично придвижување на Шангајската листа. Трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период значајно да го поткренат квалитетот во високото образование, но и да ги отворат другите индикатори што ги користат не само Шангајската, туку и останатите листи за рангирање, за да можеме да се придвижиме на тие листи – изјави Јаневска.

Реклама

На прашањето што доколку законите останат блокирани во Собранието, министерката нагласи дека образованието не смее да биде поле за политички пресметки.

– Кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. Несоодветните информации што се пласираат заради политички поени или придобивање лајкови прават штета на образовниот систем и го оневозможуваат квалитетното образование – нагласи министерката.

Јаневска посочи дека Министерството досега водело дебата со академската заедница за законските решенија, но дека од политичките субјекти не биле доставени конкретни забелешки и предлози.

– Парламентот е местото каде што ќе се соочиме со сите аргументи. Ако постојат забелешки на одредени законски одредби, таму ќе се разговара за нив. Но, уште еднаш ќе повторам, рацете на политиката подалеку од образованието. Нашите млади заслужуваат квалитетно образование, а со донесувањето на овие закони ќе го подигнеме квалитетот на високото образование, што е директно поврзано и со меѓународните рангирања на универзитетите, истакна министерката.