Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Јаневска: Продолжуваме да градиме инфраструктура и солидни услови за подобро образование на учениците

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Аеродром…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митевски денеска во основното училиште „Блаже Конески“ доделија таблети за четвртоодделенците и направија увид во доградбата на училиштето.

– Денеска имаме грандиозно капитално дело по сите стандарди, кое како што ме информираа, ќе биде готово за почетокот на второто полугодие, а потоа ќе се доградува уште една ламела. Продолжуваме да градиме инфраструктура и солидни услови за подобро образование на учениците и за воведување на едносменска настава, истакна Јаневска.

Градоначалникот Митевски потсети дека општија Аеродром веќе четврта година ги додоелува таблетите за учениците во четврто одделение на ниво на општината.

Реклама

-На тој начин се трудиме да го модернизираме процесот со примена на дигиталните алатки кои ни стојат на располагање и на тој начин учениците да добијат подобри услови за нови знаење, истакна Митевски и информираше дека општината годинава доделила и нови училишни униформи за 7.500 ученици.

Споре директорка на училиштето Виолета Ристовска, ваквите проекти овозмножуваат образование по мерка за секое дете кое, како што рече, е во чекор со дигатилизацијата, а дополнително што токму нивното училиште се доградува поради зголемениот број на ученици. Ристовска информираше дека во училиштето „Блаже Конески“ учат 1150 ученици, а оваа година се запишале 180 првачиња што е најголем број во државава.

Прашани за загадувањето во општина Аеродром, министерката Јаневска рече дека Владата предвидува решение со гасификација на градот, бидејќи според неа, само тоа може да биде реално решение кое драстично ќе го намали загадувањето. Потсети дека во меѓувреме Владата набави прочистувачи и ги додели по училиштата.

Градоначалникот го посочи примерот со депонијата Вардариште која деновиве е актуелна и за која е во надлежност на градот Скопје, но и дека е во контакт со полицијата и обвинителството за заштита и ограничување на пристапот до депонијата. Митевски информирашее дека се развива и план за ревитализација на депонијата.