Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Јаневска: Нова спортска сала за основците од Црешево

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го поставија камен-темелникот за изградба на новата спортска сала во основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево.

„Учениците ќе добијат модерна и опремена сала, каде ќе можат да ги одржуваат часовите по физичко и здравствено воспитување, кои се многу повеќе од правење вежби и играње кошарка или фудбал за да се добие оценка. Физичката активност е многу важна за нивното здравје, но преку вежбите и спортувањето децата учат и важни животни вештини – како да работат тимски, стекнуваат дисциплина, се учат на издржливост и развиваат чувство за заедница. Некои од нив можат да постигнат и поголеми спортски резултати – впрочем сите славни спортисти почнале од некое основно училиште“, рече министерката Јаневска.

Нагласувајќи дека Министерство за образование и наука во соработка со локалните самоуправи е насочено кон подобрување на инфраструктурните услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, Јаневска посочи дека во текот на владиниот мандат, со повеќе буџетски средства за образование, планирана е изградба на нови 30тина училишни спортски сали во различни општини.

Реклама

Изградбата на салата во Црешево ќе чини 34 милиони денари, а средствата се обезбедени преку јавниот повик на Владата за распределба на средства за општините.

„Нам ни се важни децата, младината и ќе направиме сѐ за да може секое дете да учи и да се развива, затоа што иднината им припаѓа ним“, потенцираше Јаневска, додавајќи дека со заеднички заложби, локалната и централната власт можат да ги подобрат условите во кои се одвива наставата.