Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Јаневска: Не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои значително ги нарушуваат условите за живот на студентите. Поради недостигот на топла вода, нефункционалните лифтови, лошата хигиена и нискоквалитетната храна, студентите се жалат дека животот во домот е под секое ниво. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска најави рашавање на проблемот до крајот на оваа недела.

– Нема топла вода, лифтовите не работат, а храната е под секое ниво. Често чекаме да се ослободат лифтовите и понекогаш и тоа не е можно. Проблемите се влошуваат со секој изминат ден – велат студентите кои престојуваат во домот.

Тие истакнуваат дека ваквите услови не влијаат само на нивниот академски успех, туку и на нивната психолошка стабилност.

Реклама

– Се чувствуваме заборавени и занемарени. Тоа не е само проблем за нас, туку и за нашето здравје и учење – додаваат тие.

Домот останал без директор пред еден месец, по оставката на претходниот. Студентите побараа итно да се назначи нов директор.

Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има интервенции, откако беше прашана за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“.

– Мора да има. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина ќе побараме и ќе поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работата – вели Јаневска.

Министерката за образование и наука Јаневска смета дека овој проблем со Студентскиот дом „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за два до три дена.