Реклама

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Прилози

Јаневска на денот на учителите: Нема да ги заборавиме наставниците и нивното достоинство

Нема да ги заборавиме наставниците и нивното достоинство и ќе водиме сметка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да ги заборавиме наставниците и нивното достоинство и ќе водиме сметка за нивната финансиска состојба најави денеска министерката за образование Весна Јаневска на честувањето на светскиот ден на учителот организиран од сојузот на просветни работници на Македонија.

,,Како влада и како министерство се повеќе и повеќе бараме и ќе бараме од наставниците, но јас како ресорен министер, а и владата нема да го заборавиме нашето ветување и ќе им го правиме животот подостоинствен, мотивот за работа поголем, што значи ќе водиме сметка и за нивната финансиска состојба,, изјави министерката за образование Јаневска.

Реклама

По повод денот на учителите, годинава организиран во општина Гази баба, девет наставници добија признанија за исклучителни достигнувања за оваа учебна година.

,,Општина Гази Баба е домаќин на еден преубав настан заедно со сојузот на просветни работници на кој што ќе се доделат награди за учебната 2023/2024 година. Искрено јас сум благодарен на сите просветни работници и им ја одавам мојата почит пред се затоашто ја одбрале најблагородната од сите дејности; Да ги едуцираат и учат нашите млади генерации,, 

Од Сојузот на просветни работници се задоволни што имаат соработка со министерството за образование и локалната самоуправа.

Даниел Ѓорѓевски