Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски, тоа е апсолутно лажна вест и злоупотреба на името на пратеникот

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошоски, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со гласините дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за време на настанот за поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Братство“, рече дека нејзиниот потпис стои на стипендиите за студии на најдоброрангираните, односно шангајски универзитети, но оти меѓу нив не се наоѓа името на Милошоски.

– Не знам што сè се пишува по социјалните мрежи. Мене ми е многу жал да кажам дека на нашите социјални мрежи има многу лажни вести. Јас лично ги потпишувам стипендиите за шангајските универзитети, најдобрите. Името Милошоски, односно презимето Милошоски, не е потпишано. Оттука сметам дека ова е апсолутно лажна вест и злоупотреба на името на пратеникот. Значи, Министерството за образование и наука не доделило стипендија на синот на Антонијо Милошоски – истакна Јаневска.