Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Јаневска: Македонија има свои симболи, химна, грб и знаме и секој мора да ги почитува

Македонија има свои симболи – химна, грб и знаме и секој мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има свои симболи – химна, грб и знаме и секој мора да ги почитува.  Министерството за образование подготви нов закон за средно образование со кој меѓу другото е предвидена интонација на македонската химна во сите државни училишта за време на значајни настани, празници и патронати. Законот ја помина првата фаза-комисиската.

ДУИ најавува блокада, а ова според Весна Јаневска е само обид за популизам.

“И во овој момент ништо друго не се дискутира освен химната што не е предмет за дискусија. Па оттука, можам да речам дека е комплимент за Министерството што не е најдена друга мана, но сметам дека е крајно неразумно да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години, да не може да се имплементираат новините кои државава ги очекува минимум седум години, а очигледно и повеќе, поради една таква дискусија. Денес е Законот на дневен ред на собраниска седница,, рече Јаневска.

Реклама

За ДУИ законот е класичен пример со кој власта сака да ја наруши мултиетничноста во државава, според нив се воспоставувала етничка доминација, најавија повеќе од 10.000 амандмани.

„Предлогот со кој се бара интонирање на државната химна во секоја активност и на почетокот и на крајот на учебната година е мерка која ни изгледа навистина неразумна, ја почитуваме химната, но не и одредба што го зголемува притисокот. врз учениците Албанци поради тоа што во државната химна не се споменува ниту еден елемент од нашиот културен идентитет“ – изјави Рина Ајдари.

Против новиот закон е и пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи кој го оцени како популистичка мерка на власта. Битиќи потенцира дека доаѓа во отсуство на реални предлози и реформи во образованието.

„Впрочем, тоа е доказ за нефокусираноста на оваа Влада, всушност концептот што треба да се прави во образованието. Како еден од пратениците од опозицијата прашувам што ќе донесе ова законско решение што сакаат да го спроведат за подобрување на рангирањето на нашата држава” истакнал Битиќи.

Интонирањето на химанта е само еден дел од законот кој предвидува длабоки реформи во средното образование. Во него се опфатени голем број нови програми со кои на учениците ќе им се овозможи стекнување на стручни компетенции кои ќе ги квалификуваат на пазарот на трудот.

Даниел Ѓорѓевски