Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Јаневска: Ги поддржуваме младите да студираат на врвни светски универзитети, но силно ги охрабруваме да се вратат и да ја градат иднината во својата земја

Саемот е и можност за воспоставување билатерална соработка меѓу нашите и француските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Саемот е и можност за воспоставување билатерална соработка меѓу нашите и француските универзитети.

Интерес на нашата државата е да ги поддржи младите да студираат на престижни странски универзитети, каде што се споделуваат врвни технологии, иновации и најдобри практики. Сепак, нашата крајна цел останува тие да се вратат дома. Со стекнатите знаења и вештини надвор, сите млади луѓе можат многу да придонесат за технолошкиот напредок и да го поддржат севкупниот раст на нашата економија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на саемот „Студии во Франција“ денес во Скопје.

Таа се заблагодари на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје за презентирањето на академските можности на Франција, којашто има реноме како една од водечките светски високообразовни дестинации, со универзитети кои се рангирани меѓу најпрестижните во светот. Тоа го постигнуваат со иновативните студиски програми кои комбинираат теоретско знаење и практична примена, како и со вклученоста во современи истражувања, а за студентите е привлечна и нивната богата културна понуда.

Реклама

„Министерството за образование и наука ја поддржува образовната мобилност, и за студирање на реномирани странски високообразовни установи доделува и стипендии. Јас како министерка силно го поддржувам ЕУ концептот за преминување од „одлив на мозоци“ кон „циркулација на мозоци“. Ова значи дека студентите и професионалците кои стекнале знаења и вештини во странство, се охрабруваат да се вратат во нивните матични земји“, нагласи Јаневска.

Министерката изрази увереност дека новата Влада со стимулативни мерки ќе ги поттикне младите кои стекнале академско ниво во странство, да се вратат дома и да учествуваат во градењето на иднината на својата земја.

Саемот е и можност за воспоставување билатерална соработка меѓу нашите и француските универзитети.