Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот на полицијата им испрати порака на раководните лица во Бирото во која им порача дека функцијата не им е штит и дека никој не е над Законот.

-Сакам најдоблесно да им се обратам на сите раководни лица од Бирото за јавна безбедност на сите кои како раководство им дадовме шанса, поддршка. Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност. Не заборавајте дека никој не е вечен. Во едно современо општество не владее поединецот, владее правото. Ако заборавивте зошто сте таму, ќе ве потсетиме, ако мислите дека функцијата ви е штит, грешите. Ние не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме со чест, со работа, со интегритет. Никој не е над законот, па дури ни никој од нас – порача Јанев.

Тој рече дека најважно е што ја почнале најрешителната борба против криминалот и корупцијата.

Реклама

Без калкулации, без наш и ваш, разбиени се криминални банди, нарко мрежи, терористички келии. Расчистени се децениски нерасчистени убиства откриени се злосторства поврзани со изнуди, нелегална трговија со луѓе, злоупотреби во институции, нелегални игри на среќа. Ја браниме Македонија од внатре и затоа праќаме една силна порака до нечесните: Криминалот не е исплатлив, криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е вашиот дом. Ова е држава во која владее законот, а не во која царуваат вашите валкани зделки – рече Јанев.

Директорот на БЈБ посочи дека и неговиот личен пат во полициска служба не започнал во кабинет, туку  како млад кадет, на терен, каде што се учи честа, каде се калат вредностите.

-И денес, кога ја носам одговорноста како директор на Бирото за јавна безбедност, ги носам истите вредности – чесност, лојалност, правда. Тогаш, како и денес, верувам во идеалите и вредносниот систем на полициската професија – верувам во идејата дека полицијата е чуварот на државата, и дека униформата и значката што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ, нагласи Јанев.

Тој потенцираше дека во чесните полициски службеници, ја гледа силата и надежта, но и генерации кои ќе ја трансформираат безбедноста не со зборови, туку со дела.

На нечесните, пак, им порача: „Криминалот не е исплатлив, криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е вашиот дом. Ова е држава во која владее законот, а не во која царуваат вашите валкани зделки“,