Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Ја учеше Македонија да се бори со корупцијата: Европските вредности и скандалот „Могерини“

Значи можете да славите половина ден и подоцна да се вратите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значи можете да славите половина ден и подоцна да се вратите на работа, порача Могерини по една од средбите со Заев.

Федерика Могерини со зборови ја учеше Македонија да се бори против корупцијата, а сега заврши со титулата осомничена токму за корупција. Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, беше притворена, но сепак ќе се брани од слобода.

Таа на една од највисоките позиции во Брисел беше пет години, од 2014-та до 2019-та. Во тој период често знаеше да ги советува сите држави аспиранти за членство да работат на реформите, пред се во однос на владеењето на правото. Такво нешто ни порачуваше и нас, директно од македонската Влада.  

Реклама

-Следното ниво на видео играта како што кажав е прво спроведувањето на реформите носи два магични збора, тоа се задржување и продлабочување на реформите. Се тоа значи трансформирање на реформите кои што сте ги идентификувале, обврските кои што сте ги прифатиле, ни порача Могерини на 18 април 2018-та година.

Могерини во Македонија особено активна беше во периодот кога се договараше промената на името. Неколку пати беше во земјава, еднаш и на само седумнаесет дена пред одржувањето на референдумот. Во старата скопска чаршија се беше на чај со поранешниот премиер Зоран Заев, потписникот на договорот од Преспа Никола Димитров, Бујар Османи и други претставници од тогашната Влада. Од чаршијата им порача на граѓаните дека европската иднина била во нивното референдумско гласање.

-Клучевите не се во никого друг, освен во вас, не дозволувајте никого друг да го направи тоа за вас. Ова не се избори, ниту е поврзано со политика. Мора да бидете сигурни дека кога ќе се разбудите, мора да бидете свесни дека сте направиле избор, избор кој што ја засега иднината ваша лична, иднината на ваша лична, иднината на вашта земја, иднината на вашите деца, кажа Могерини на 13-ти септември 2018-та.

Македонија го промени името, а потоа Могерини не врати во реалноста, дека придавката Северна не е единственото што ќе ни донесе напредок кон ЕУ.

-Ова претставува позитивен чекор кој ќе има врз отворањето преговори, но не е единствен елемент, и тоа нашите пријатели во Северна Македонија многу добро го знаат дека фокусот на реформската агенда е исто толку круцијален, колку и решението за спорот со името, кажа Могерини на 18-ти февруари 2019-та.

Могерини заедно со поранешниот шеф на Европската служба за надворешна акција, Стефано Санино е осомничена во рамки на истрага за измама. Обвиненијата се однесуваат на злоупотреба и корупција во јавните набавки, судир на интереси и прекршување на професионална тајна. Тие беа ослободени бидејќи не се смета дека претставуваат ризик од бегство, се вели во соопштението на Европското јавно обвинителство. По избивањето на скандалот Могерини поднесе оставка од позицијата ректор на Колеџот на Европа.

Матеја Петровски