Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Избрани најдобрите работници на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска шести пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска шести пат беа избрани најдобрите работници. Елизабета Сајкова-Ангеловска е најдобар работник за 2025 година со посебен придонес за Клиниката, Анѓела Дебрешлиоска е најдобар доктор, најдобар радиолошки технолог е Игор Ристески, а Бојан Миов е најдобар медицински техничар. Најдобар болничар е Елхам Бајрами, Даниела Велковска е најдобра  хигиеничарка, Рилинд Садику е најдобар административен работник, а најдобра единица е Одделот за специјалистичко-консултативна дејност – амбуланта.

Добитниците добија официјално признание од Клиниката, уникатно брендирано пенкало и парична награда од 200 евра од категорија.

Настанот е во организација на Сабри Азири, вработен на Клиниката, кој за време на пандемијата ја извршуваше функцијата координатор на ковид-центрите.

Реклама

– Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија шести пат организира настан кој е поврзан со награди и оценување на работата на нашите вработени. Имаме вкупно осум категории, каде што колективот гласа анонимно. Секоја година го организираме ова и ние сме единствена клиника во Клинички центар, државна установа, со цел да ја цениме и да ја вреднуваме работата на нашите вработени – изјави Азири.

Propozim-ligji i ri për mbrojtje nga pirja e duhanit është një prej ligjeve më të mira që drejtpërdrejtë ka të bëjë me shëndetin e të gjithë qytetarëve tanë. Ta mbrojmë popullatën më të rritu

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје. проф. д-р Оливер Зафировски, изјави дека се работи за традиција и оти е најважно што колегите, а не менаџментот, одлучуваат кој ќе биде најдобар доктор, најдобар болничар… 

– Со тоа сакаме да ја означиме нивната посветеност. Клиниката за пулмологија е една од најголемите клиники, каде што навистина има тешки случаи и ги работиме сите потешки работи. Одделот за интензивна нега и сите се посветени и затоа и понатаму ќе продолжиме да наградуваме по еден во секоја од овие категории. Клиниката оди напред. Има пациенти и воведуваме нови иновативни терапии со кои некои болести што беа многу тешки и за кои немаше лек, сега веќе има биолошка терапија и е во интерес на овие пациенти. И со преговорите во Фондот за 2026 година се зголемува бројот на пациенти што имаат потешки форми на астма и на други болести да добијат билошка терапија како што добиваат сите граѓани во ЕУ – рече Зафировски.

Оваа година генерален спонзор на настанот е компанија Ari-MED, а наградата за најдобра организациска единица е обезбедена од компанијата Premium Safety Solution.