Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Алфа на терен: Колку се безбедни пешаците на скопските сообраќајници

Избледени пешачки премини во близина на училишта, лоша или никаква патна сигнализација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избледени пешачки премини во близина на училишта, лоша или никаква патна сигнализација, критични точки без лежечки полицајци, возила кои возат со поголема брзина од дозволеното и пешаци кои преминуваат на необележани делови од булеварите, ваква е сликата на улиците во главниот град.

Постојат повеќе црни точки кои до сега имаат одземено голем број на животи, па покрај булеварот Партизански Одреди, критична е состојбата на булеварот кај Скопјанка. Тука, пешаците имааат можност да го користарт подземниот пешачки премин, но тој e натрупан со смет, па така пешаците се принудени да го преминуваат булеварот на необележани зони. Опасно е посебно навечер кога нема никакво осветлување. Ништо подобра не е состојбата ниту со подземниот премин кај трговскиот ИСТ Гејт и надземниот премин Влајко во Влае кои исто така се оставени на забот на времето и се делумно нефункционални.

Граѓаните загрижени. Апелираат надлежните да изнајдат решенија со кои ќе се намалат се почестите несреќи. Бараат поголеми казни за несовесните возачи кои ја надминуваат дозволената брзина, но и подобра пешачка инфраструктура која ќе им овозможи поголема сигурност.

Реклама

„Не е сигурно за префрлање“ нагласи граѓани

„Партизански одреди стана кланица, многу луѓе тука загинаа“ нагласи граѓанка

„Состојбата со подземниот кај Скопјанка е лоша, посебно кога врне и се собира вода, а има и многу смет“ изјави граѓанин.

За експертите оваа проблематика е стара рана која подолго време го мачи главниот град. Според нив потребни се темелни и системски измени кои ќе ги следат европските примери каде има поголема фрекфенција на возила и пешаци, но помал број на жртви. Сметаат дека потребно зголемување на патните ознаки и  сигнализација и осветлување на пешачките премини во вечерните часови со што  ќе им се овозможи на возачите поголема прегледност.

„Треба да се искористат сите добри практики коишто ќе ги спречат овие немили настани и би требало оние коишто се грижат за проектирање на нова инфраструктура, сите тие работи да ги земат во предвид. Во Скопје има неколку надземни и подземни пешачки премини коишто се надвор од употреба и би требало сите тие позитивни искуства да се користат“, изјави Игор Митревски, сообраќаен инженер.

Одговор за состојбата на сообраќајниците во Скопје побаравме и од градската управа. Но од Градот до објавување на овој прилог до редакцијата на Алфа не пристигна одговор, а со самото тоа останува неодговорено до кога главниот град ќе биде црна точка за пешаците кои ги преминуваат улиците.