Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Економија

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски.

-Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км  и преку 160 км на час не може да се постигнат без исправање на кривините.  Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат. Втората компонета е колку што може поблиску до сегашната траса да биде изградена и втората линија. Затоа овие околу 200 км пруга би биле двоколосечен сообраќај, но нема да бидат како автопатите, на пример еден да оди во правец на Србија, друг во правец на Грција, вели Ивановски.

Според него, во управувањето на железничкиот собраќај има друг тип на управување на возовите, но крајната наша цел е да има двоколосечна пруга за патнички сообраќај до 200 км на час и товарен до 120 км на час и секако ќе биде целосно електрифицирана.

Реклама

-Токму во овој момент се прават физибилити студиите каде најдобро е да биде трасата на новата пруга, со тие исправување на старата пруга и паралелна до старата, изјави Ивановски.   

Тој во интервјуто истакнува дека вредноста на изградбата би се движела околу 1,9 милијарди евра заедно со електрификација и сигнализација, а би се изградила за околу пет години.

Говорејќи за Железничката станица Скопје, тој кажа дека ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи.

Според него, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на рекламните паноа. 

-Инфраструктура Железница заедно со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет започнавме со проект за поектирање за целосна реконструкција на железничката станица Скопје и внатрешно и надворешно. Ќе се реконструира комплетно со нова електрика, комунална инфраструктура, машински дел, а надворешно ќе биде запазен оној првичен изглед од Кензо Танге со имплементација на нови современи елементи. Овој проект треба да биде готов за година и половина до две од денеска и потоа ќе бараме финансирање за да се реализира ова. Но што до тогаш? Започнавме акција за отстранување на сите билборди што ја грдат самата станица. Дел се постоечки, дел се пред дваесетина години. Потоа имаме една голема акција да ги отстраниме сите графити, сите постери и да ја вратиме првичната боја на столбовите и да го запазиме првичниот изглед без овие графити постери итн, вели Ивановски.