Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Ивановски: Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка се реализира со силна динамика

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoрот 8 се реализира со засилена динамика – објави на својот фејсбук-профил директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски и објави “>видео од изградбата.  

Ивановски посочува дека има прогрес од 35 проценти на предвидените работи на делницата во должина од 34 километри. 

– Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34 километри. Прогрес 35 проценти. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности – напиша Ивановски. 

Реклама

Паралелно со ова, веќе се објави и јавниот повик за надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а како што велат од Министерството за транспорт, следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на изведувач, исто така за делницата Крива Паланка – до границата со Бугарија. 

– Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот – велат од Министерството за транспорт.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: