Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Итно копче за бесплатна помош на болни луѓе во Гази Баба

Десет стентови, три бајпаса, дијабет и паркинс – со овие болести со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет стентови, три бајпаса, дијабет и паркинс – со овие болести со години се бори 72 годишната Ленче Џингова од општина Гази Баба. Лошата здравствена состојба и го отежнува движењето, а живее сама во четири ѕида. Не секој ден, но во  одредени ситуации неопходна и е помош и здравствена грижа. Токму за овие луѓе општината Гази Баба и Црвениот Крст им нудат помош. Госпоѓа Ленче е корисник на „стисни итно копче” и со едно притискање на нејзината алка добива брза помош од тимот на Црвениот крст. Џингова е задоволна од третманот на волонтерите и на услугата, вели дека со нејзината алка се чуствува сигурна 24/7.

“Задоволна сум и имам една сигурност.Им порачувам на сите, ако не се чуствуваат сигурни и нестабилни мора да се приклучат на оваа програма, оти тоа им е голема сигурност” вели Ленче Џингова.

Во домот на баба Ленче дојде и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.Тој и порача да биде безгрижна за нејзиниот третман и дека сите услуги кои и се потребни ќе ги добие.

Реклама

“Доколку има потреба, ќе исконтактирате со Црвениот Крст ќе ви овозможиме и бесплатен транспорт на стари лица,и доколку има потреба ние како локална самоуправа сме на располагање за да помагаме” кажа градноачалникот на Гази Баба.

Стефковски објасни дека услугата “стисни итно копче” во општина Гази Баба ја добиваат осум луѓе, а обезбедени се финансиски средства за десет. Предвидено е бројот на корисници да се зголемува.

“Овој проект за прв пат се реализира во општина Гази Баба, финансиските трошоци за корисниците се бесплатни затоа што средствата се обезбедени од општината.Со овој проект покажуваме на дело дека се грижиме за сите категории на граѓани.Првично имаме обезбедено средства за 10 корисници а се врши таргетирање, 8 луѓе веќе ја користат услугата остануваат услуги за уште двајца” – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Црвениот крст стои на располагапње 24 часа во неделата за итна реакција велат волонтерите.Тие објаснуваат дека обучениот тим, веднаш излегува на терен, а доколку состојбата на корисникот на итното копче е животозагрозувачка повикуваат и Итна помош.

Овој проект на Црвениот Крст е направен за луѓе над 65 годишна, и за оние кои се помлади, но имаат одредени попречености. Предност имаат луѓе кои што живеат сами и луѓе кои ја користат услугата нега и помош во домот од страна на негователи.

Ања Лукарова