Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Истражување на МЦМС: Министрите, пратениците и судиите најкорумпирани во граѓанската перцепција

Министрите, пратениците, судиите и цариниците се најкорумпираните во Македонија според граѓанската перцепција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите, пратениците, судиите и цариниците се најкорумпираните во Македонија според граѓанската перцепција, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во него стои и дека на секој трети граѓанин му било побрано мито, а секој четврти дал. Високи 65% од анкетираните граѓани кажале дека корупцијата е најголем проблем во општеството. Како пример за висок ризик за корупција е посочена изградбата на коридорите.

  • „Неверојатно е да даваме 15 милиони по километар автопат, во ситуација кога пред само неколку години сме направиле автопат по европски стандард, Демир-Капија – Смоквица, за цена од 6 милиони евра по километар. Значи не може, ниту зголемени цени, ниту инфлација да оправда повеќе од 30% покачување, што би дошло милион и пол/два. Не може, 300% покачување, скоро три пари поголема цена“ – Изјави Александар Кржаловски од МЦМС.

Според истражувањето, Државната комисија за спречување корупција ја вратила довербата и надежта кај граѓаните, додека претседателката Ивановска вели, секогаш се може и повеќе.

  • „Радува фактот што дека вербата на граѓаните за справување со корупцијата расте, расте и отпорот на граѓаните кои се спротиставуваат на корупцијата, а за нас особено е важно што рејтингот, довербата во државната комисија е речиси дупло зголемен во однос на минатата година.“ – Истакна Билјана Ивановска.

Таа додава дека голем дел од мандатот, изгубиле време за обезбедување услови и ресурси, кои што комисијата требала да ги има пред да почне со работа. Вице-премиерката за добро владеење, Славца Грковска, пак, не се сеќава која е бројката на казнети функцинери, кои го прекршиле етичкиот кодекс во својата работа.

Реклама
  • „Бројката… Не можам во моментот да се сетам… Во секој случај, секогаш сме постапиле, без разлика дали од медиумите, дали од граѓани, дали од државната комисија за спречување на корупцијата. За тоа што го повториле делото, само еден случај, со Артан Груби, јас како вице премиер имам обврска да го информирам премиерот, тоа е направено.“ – Истакна Славица Грковска – Вицепремиер за добро владеење.

Според извештајот кој беше презентиран на „Отворениот форум за антикорупција“, најголем проблем, меѓу другото, според граѓаните е неказнивоста на кривичните дела, особено кога станува збор за корупција.

Никола Цветкоски