Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Историско покачување: Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати

Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46, а можеби и до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46, а можеби и до 60 проценти поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование, најави премиерот Христијан Мицкоски. Вели според постигнатиот договор со СОНК конечно образовниот кадар ќе го добие она што го заслужува.

-Минимум 46 проценти ќе имаат наставниците во основното и професорите во средното образование, споредено со сега, минимум, а може повеќе да биде во зависност од состојбата на буџетот. Така што, зголемувањето ќе се движи од 46 до 60 проценти, во зависност од состојбата во буџетот, нешто што е историски, што никогаш до сега не било направено. Исто така и колективниот договор ќе се прави, изјави Мицкоски.

Зголемувањето на платите нема да биде само за професорите и наставниците, туку за сите вработени во училиштата. Првата повисока плата ќе биде октомвриската, која ќе ја добијат на стартот на следниот месец, а етапно ќе се зголемува секоја година до 2028-ма, со секоја мартовска плата.

Реклама

-Октомвриската плата која што ќе биде исплатена сега во ноември ќе биде повисока за пет проценти, потоа почнувајќи од мартовската плата 2025-та, која што ќе биде исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, од март 2026-та меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повтормо помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти, изјави Мицкоски.

Мицкоски најави дека после зголемувањето на пензиите, обезбедените средства за програмите за млади, после консолидирањето на исплатата на субвенциите на земјоделците, сега и зголемените плати на образовниот кадар, следно е зголемувањето на платите на вработените во здравството. Вели приорирет на Владата да има повеќе за сите, бидејќи интересот на граѓаните за нив бил најважен.

Матеја Петровски