Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Историски чекор кон дигитална и безбедна Македонија – Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Владата на Македонија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Владата на Македонија денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност). Со ова се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат темелите за модерна, сигурна и транспарентна држава.

Овие два закона се дел од Реформската агенда за дигитализација и транспарентност, и се целосно усогласени со NIS 2 директивата на Европската Унија, како и со мислењето на Уставниот суд на Македонија.

Закон за електронски комуникации:

Реклама

• Ги јакне правата на корисниците и гарантира повисоко ниво на заштита на личните податоци;

• Воведува јасна правна рамка и транспарентност во работењето на операторите;

• Обезбедува поголема конкурентност и регулаторна сигурност;

• Ги дефинира надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации, со фокус на отчетност и ефективен надзор.

Закон за сајбер безбедност:

• Воспоставува национален модел за управување со сајбер ризици;

• Се создаваат нови институционални капацитети:

• Национален координативен совет за сајбер безбедност

• Владин SOC – центар за одговор на сајбер инциденти

• Сектор за сајбер безбедност во рамки на Владата

• Обезбедува поддршка за јавните институции и операторите од критичната инфраструктура;

• Обврзува на ангажирање на сајбер професионалци во сите институции од критично значење.

Со донесувањето на овие два закона, Македонија прави крупен исчекор во европската интеграција и ја поставува дигиталната агенда како столб на идниот развој.

Ова е конкретен резултат од визијата за дигитална Македонија, транспарентна, сигурна и иновативна.