Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Историска шанса за младите – од 1 декември до прв стан со само 10% учество

Следува историска промена на пазарот на недвижности. Од 1-ви декември, граѓаните кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следува историска промена на пазарот на недвижности. Од 1-ви декември, граѓаните кои првпат купуваат стан ќе имаат значително полесен пристап до кредити. Со само 10 проценти сопствено учество, првото живеалиште станува достижна реалност за илјадници семејства и поединци.

Ова е резултат на новите мерки што ги усвои Народната банка, насочени директно кон решавање на долгогодишниот проблем на младите и на сите што досега немале сопствен кров над глава. За прв пат, купувачите на прво живеалиште ќе добијат приоритет, а инвеститорите во втор и трет стан ќе се соочат со построги услови.

Со новите правила, граѓаните кои немаат имот на свое име, ќе можат да аплицираат за кредит со само 10% сопствено учество. За сите останати – сопственици на недвижнини и инвеститори – минималното учество скока од 15 на 25 отсто.

Реклама

Надлежните велат дека целта е двојна – да им се помогне на младите и на лицата без сопствен дом да стигнат до прв стан, но и да се стави крај на нереалното и вештачко надувување на цените на становите, особено во Скопје.

„Ова не е само економска мерка, туку социјална обврска. Наш приоритет е да им дадеме шанса на тие што ја немаат, а не да го поддржуваме пазарот за профит на сметка на обичните граѓани. Мерките се прецизни, проверени и ќе важат само за оние што навистина немаат имот“ вели гувернерот на Народната Банка Трајко Славевски.