Реклама
Прилози

Историчарите предупредуваат – лекциите од антифашистичката борба не смеат да се заборават, историјата повторно на испит

И осум децении по победата над фашизмот, историјата се повторува. Македонските историчари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И осум децении по победата над фашизмот, историјата се повторува. Македонските историчари на денешната конференција 80 години од победата на нациофашизмот, предупредуваат дека лекциите од Втората светска војна не се научени. Денес, во период на политички притисоци од соседна земја за уставни измени и ревизија на историјата и идентитетот, е поважно од кога било да се заштити автономијата и суверенитетот на државата. За историчарот Тодор Чепреганов, борбата на македонскиот народ во Народноослободителната војна била со јасни цели. Борба за ослободување на Македонија и создавање на македонска држава.

„Целокупната работа околу НОБ ја изведоа комунистите. Тие беа организатори и ја водеа борбата против антифашизмот. Тие деца кои тогаш се вклучија имаа идеја која беше појака од крвта. Тие гинеа за ослободување на Македонија македонска држава“, изјави историчарот Тодор Чепреганов.

Историчарите посочија дека денес се наоѓаме во апсурдна ситуација. Во време на демократија и европски стандарди, Македонија повторно се соочува со негирање на својот идентитет и историја. Професорката Ачкоска смета дека токму единството и колективната одговорност биле и се клучни за зачувување на државата.

Реклама

„Македонскиот народ благодарение на антифашистичката народноослободителна борба, првпат во современата историја ја создаде својата држава, Демократска Федерална Македонија. Сега со напуштање на антифашизмот како европски идентитет, нам ни се одрекува правото на самопределување. Тоа го доживеавме во ОН, секојдневно го доживуваме во таа борба за промена на историја идентитет“, изјави професорката Виолета Ачковска

Особено внимание беше посветено и на искуствата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. за јкој зборуваше професор доктор Никола Жежов.

„Јас зборувам за историјата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. За нивното учество во Антифашистичката борба во текот на 1940 – 1945 година. Грција како држава отсекогаш се обидувала на македонското прашање да му даде гографски карактер. Фактички тоа е верификувано и во делот на членовите на Преспанскиот договор каде што имате делови, сега парафразирано ви кажувам кој ја редефинираат, историјата и ја делат Македонската историја на два дела. Јас сум еден од тие историчари што редовно го критикувам Преспанскиот договор затоа што сметам дека тој е погубен јас го сметам дури погребален, за македонските национални интереси, таму нема што да се додава и одзема. Целиот договор е негативен за Македонија направи промена на уставното име редефинирање на македонската историјата, нема што да додавам затоа што еве и сега тоа што ќе го зборувам на конференцијата, односно триб ина дел од излагањата треба да се косат со Преспанскиот договор, јас зборувам за историјата на Македонците во егејсјкот дел на македонија. Има многу работи кои се болни за Македонија и треба државните авторитети да најдат начин како да се извлечеме од оваа непријатна ситуација.

Денешниот собир традиционално го организира Социјалистичката партија на Македонија, која веќе деценија наназад создава простор за научна дебата за клучните историски теми за историјата и вистината за Македонија.