Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Исти продукции, исти луѓе – Затворениот круг во кој Агенцијата за филм дели народни пари

Исти продукции, исти луѓе, секогаш избирани на конкурсите во Агенцијата за филм.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исти продукции, исти луѓе, секогаш избирани на конкурсите во Агенцијата за филм. Затворениот круг кои се состои од само пет најдебело финансирани продукции, досега се офајдил 666 милиони денари, односно безмалку 11 милиони евра, народни пари.

Меѓу нив, „Скопје филм студио“ на Томи Салковски, „Црна Мачка“, на неговиот внук, Кристијан Буровски. „Лист Продукција“ на Марија Димитрова, партнерка на Игор Иванов – Изи. „Сектор Филм“, на Владимир Анастасов, како и „Сестри и брат Митевски“ на семејството Лабина, Теона и Вук Митевски.

Она што ги спојува дел од овие продукции се родниниски или бизнис релации со оние во Агенцијата за филм кои одлучувале кому ќе му бидат доделени пари – политички врски со претходната власт, со години неемитување на филмски дела кои биле снимени со средства од државниот буџет, па дури и успеси на конкурси за трошење народни пари, користејќи фалсификат документи.

Реклама

Истражувањето на Алфа покажува дека на конкурсите на Агенцијата за филм најголем дел од колачот секоја година одел кај истите луѓе. На еден ист конкурс, овие продуценти често добивале финансиска поддршка и за повеќе од еден проект, а ако не успеале да се приграбат до народони пари во првиот повик, Агенцијата не заборавал да се корегира и да им додели пари подоцна во годината. Според Министерството за култура, тоа се случивало затоа што во филмскиот фонд имало судир на интереси.

  • Ваквите постапки упатуваат на очигледна селективност при постапувањето на управниот одбор на Агенцијата за филм при носењето одлуки кои се однесуваат на различни продуцентски куќи, со што се нарушува основниот принцип на еднаква примена на законите кон сите прдуцентски куќи. –Пишува во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

ТВ Алфа дојде и до документи од Министерството за култура, во кои стои дека во Агенцијата за филм, додека со неа директорувал Бојан Лазаревски, еклатантно се прекршувале законите и оти постои сомниение за кривична одговорност.

  • Во 2022 година, Агенцијата за филм по конкурсите за финансирање на филмски проекти од национален интерес, распределила средства во износ од 330.906,250,00 денари (двојно повеќе од средствата предвидени за филмска дејност во буџетот), со што не само што го оштетиле буџетот, туку го загрозила остварувањето на филмската дејност во следните пет години. – Стои во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм

Освен продукциски куќи кои се под сомнеж дека незаконски добивале народни пари, Министерството за култура утврдило и делење на буџетот по фестивали, за кои во Агенцијата за филм постоел судир на интереси, како „Златна рамка“ или пак фестивали, кои трошеле пари спротивно на договорот, а институцијата не мрднала со мал прст, како „Браќа Манаки“. Под сомнение е и Друштвото на филмски работници, кои според Култура, немаат оправдание како потрошиле 3 милиони денари, бидејќи 2 години по ред до Агенцијата не доставувале изештаи за парите кои им биле доделени.

Никола Цветкоски